Почитувани,
Ве покануваме да го посетите новиот продажен штанд “Кнежино” кој е поставен во рамките на големиот “MAXI MARKET” на ул.”Магистрален пат” во Кичево,поточно на самиот влез во маркетот.
Единствено на овој штанд и ексклузивно во големиот “MAXI MARKET” во Кичево ќе можете да пронајдете најразновидни брендирани производи и сувенири со грбот на село Кнежино и со мотиви од селото и Кнежинскиот манастир “Св.Ѓорѓија”,како и производи и сувенири со логото на порталот knezino.mk,сето тоа по пристапни цени.
Тимот на порталот knezino.mk од кого потекна ваквата идеја , за помошта и соработката во реализацијата на нашата замисла им изразува посебна благодарност на нашите помагатели и соработници Дизајн студиото “MICROCOM” од Кичево и на “УНИМАК 95” – “МАХI MARKETI” од Кичево,без чие учество овој проект немаше да биде возможен.
Посетете го големиот “MAXI MARKET” во Кичево и искористете ги предновогодишните акции,поволности,попусти и бројни изненадувања и искористете ја ексклузивната можност по поволни цени да купите производи и сувенири со брендот “Кнежино”.