Продолжуваат активностите за реконструкција и санација на водоснабдителниот систем во селото и населеното место Кнежино. Поради неповолната состојба со водоснабдувањето предизвикана од климатските (не)прилики и заради ублажување на истата,Советот на Месната заедница беше приморан итно да преземе дел од активностите кои за реализација беа предвидени за наредната година. За таа цел денес на 31.08.2019 година беше организирана работна акција при што се изврши зафаќање и воведување на извор во каптажата “Гаваз”,како и подготвителни работи за каптирање на друг извор во непосредна близина на каптажата и главниот цевковод. Исто така после повеќе години се изврши проверка и контрола на состојбата и на другата каптажа на м.в. “Радотинец”од кадешто селото и сите други корисници исто така се снабдуваат со вода. Советот на МЗ Кнежино изразува посебна благодарност за денес спроведената акција и сесрдното залагање до нашите соселани Спасе Ќипроски,Вецко Стојкоски,Трајче Китановски,Лазе Јованоски и Мико Кузманоски . Истовремено заради нивно помасовно учество ги известуваме мештаните дека ваквите работни акции ќе продолжат и во наредниов период и дека следната работна акција ќе биде организирана наредниот викенд и тоа на ден 07 и 08.09.2019 година.
Работна акција Гаваз Работна акција Гаваз Работна акција Гаваз Работна акција Гаваз Работна акција Гаваз Работна акција Гаваз Работна акција Гаваз Работна акција Гаваз Работна акција Гаваз Работна акција Гаваз Работна акција Ратодинец Работна акција Радотинец Работна акција Радотинец Работна акција Ратодинец Работна акција Радотинец Работна акција Радотинец Работна акција Радотинец Работна акција Радотинец Работна акција Радотинец Работна акција Радотинец Работна акција Радотинец Работна акција Радотинец