Следете во живо: Транзит на Меркур преку Сонцето во понеделник

Во понеделник, на 11ти ноември годинава, ќе имаме можност, до колку времето биде убаво и ведро, да видиме еден редок астрономски настан, а тоа е транзитот на планетата Меркур преку дискот на Сонцето. Тој настан не се случува така често. Претходниот се случи во 2016та, а следниот ќе биде дури во 2032ра година.

Транзитот може да се случи само на внатрешните планети како што се Меркур и Венера. Кај Венера имаме транзити кои се случуваат во парови на секои осум години, па потоа ги нема преку 120 години, додека кај Меркур ти се почести и во едно столетие ги има 13 или 14.

Повеќе на ohridinfo.mk.


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.