Соопштение
Во текот на утрешниот ден,петок 20.12.2024 година, градежната механизација и оператива на изведувачот ГД”Гранит”АД Скопје ќе врши градежни активности за асфалтирање на локалниот пат за с.Кнежино,во делот на девијацијата кај месноста “Крушино”, во временскиот период од 10:00-13:00 часот.
Во тој временски период во времетраење од половина час ќе има и прекин,односно застој на сообраќајот во делот на спојот на стариот со новиот асфалт.
Ги молиме граѓаните од Кичево,месното население од Kнежино и околината и сите други кои го користат овој локален пат за трпение и разбирање,како и почитување на патната сигнализација и времениот режим на сообраќа,ј додека трае асфалтирањето на делницата.
ГД”Гранит”АД Скопје