Традиционално, свечено и достојно одбележан празникот “Ѓурѓовден” во кнежинскиот манастир

Во слава и чест на “Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец” реки од народ денеска се слеваат во спокојот и питомината на истоименото духовно светилиште во Кнежино.

Утрово свештени лица од кичевското архиерејско намесништво под водство на Отец Александар Матески одржаа пригодна утринска богослужба по повод празникот,во присуство на голем број на верници.

Потоа се изврши традиционалното осветување на водите и пеење на светите лебови.

Овогодишниот кум на манастирот Венцеслав Божиноски од Кичево за присутните и гостите приреди традиционален ручек со неизбежното војничко гравче подготвено од најдобрите готвачи од АРМ-Војна пошта Кичево.

Нов кум за наредната година кој ќе го помага и ќе му служи на манастирот е Борче Матески од Кичево со фамилијата.

За многу години!

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.