Се предупредуваат возачите на моторни возила за особена внимателност и претпазливост при управувањето со возилата на локалниот пат за с.Кнежино во делот кај викенд населбата.
Имено, токму кај викенд населбата при чистењето на снежните наноси со работна машина е откорнат капак на шахтата од селскиот водовод,што претставува опасност по учесниците во сообраќајот на тој дел од локалниот пат.
Се препорачува внимателно и прилагодено одвивање на сообраќајот на тој потег додека водоводната шахта не биде повторно
покриена и соодветно обезбедена.