[#СедетеДома] Донација од компанијата АТВА од Кичево за Кичевската општа болница [ФОТО]

Регионалната трговска компанија АТВА од Кичево во чиј склоп фунционираат брендовите АТВА маркети и ДИО маркети,како и АТВА Home center,како општествено одговорна компанија на ЈЗУ”Општа болница”од Кичево и донираше стока во вкупна вредност од 290.000,00 денари.

Донацијата се состои во средства за лична хигиена и дезинфекција,постелнини и други производи кои во ова време на вонредна состојба предизвикана од вирусот Covid-19 се преку потребни за нормално функционирање на нашата болница.

Се надеваме дека овој пример за општествена одговорност и солидарност на компанијата АТВА од Кичево нема да биде последен и дека истиот во ова време на бројни предизвици и потенцијална економска рецесија, ќе го следат и други претпријатија и поединци на територијата на нашата општина и пошироко.


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.