Зимско трчање

Веднаш штом температурите паѓаат малку, времето станува сиво, студено и врнежливо, повеќето тркачи ја губат волјата да останат во природа. Патиките се чуваат во плакарот и пролетта се чека. Спортските активности во зима се исто толку важни како и во остатокот од годината, а за само половина час трчање можеме да потрошиме до 500 калории! Значи нема смисла да останеме дома затоа што ако се облечеме правилно, можеме да продолжиме со најпопуларниот кардио тренинг дури и во текот на зимските месеци!

Можеби некој ќе помисли дека не е здраво да трчате во студено време и дека може да добиете пневмонија, но тоа е мит. Настинката, бронхитисот и грипот се предизвикани од вируси и бактерии кои сакаат топли затворени простории, така што со престој на отворено можете дури и да избегнете да бидете болни.

Новата тркачка сезона започнува напролет и сега е вистинското време да се одлучите за вашата прва пролетна трка. Можеби никогаш порано не сте пробале, но планирањето трка ќе ви помогне да не се откажете од тренинзите на првиот снег. И, тоа ќе ви обезбеди да останете мотивирани и редовно да трчате цела зима.

Зимското трчање навистина има свои привлечности. Нема ништо поубаво од тоа да влезете во парк или шума кога паѓа снег и да го разбудите детето во вас.

Подготвил: Никола Миланоски


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.