ИЗВЕСТУВАЊЕ од градскиот храм “Св апостоли Петар и Павле” по повод Успение на Пресвета Богородица

Кичевското архиерејско намесништво при градскиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ од Кичево ги известува своите верни чеда: Почнувајќи ОД ДЕН 26.08.2021 ГОДИНА (утре ЧЕТВРТОК и понатаму: петок и сабота) ќе се ПОЧНЕ СО ПЕЕЊЕ – БЛАГОСЛОВУВАЊЕ (ОСВЕТУВАЊЕ) НА СЛАВСКИТЕ КОЛАЧИ И ИМЕНДЕНСКИТЕ ЛЕБОВИ по повод Успение на Пресвета Богородица кој се слави на 28.08 (сабота). Ова е така затоа што Успение на Пресвета Богородица е честа слава во нашиот град Кичево, па за да се одбегне гужва и собирање во време на овој четврти бран на корона вирусот (Ковид-19), се допушта сето она што се извршувало на 27 и 28 август да се почне порано, за да нема премногу гужва.Се замолуваат верниците да носат заштитна маска и да доаѓаат без гнев и лутина, затоа што на секој ќе му се обрне доволното внимание. Во храмот ќе има секојдневно дежурен свештеник од 08 часот до 16 часот од определениот датум.Нека ни е лесен, благословен и богоугоден Богородичниот пост кој трае до 27 август, за многу години празникот Успение на Пресвета Богородица, а на оние кои го празнуваат неговиот спомен и ги носат имињата нека им е честит и вековит.Нека Мајката Божја, Пресвета Богородица и секогаш Дева Марија, се моли за нас маловерните и грешни слуги, да здобиеме покајание, да станеме вистински православни христијани и да ни биде заштитничка пред Престолот Божји на нејзиниот Син и наш Спасител Господ Исус Христос.

АМИН!

Извор:Кичевска Парохија


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.