Кнежинскиот Илинденец и комита, Милан Ќипроски

Милан Ќипроски бил роден на ден 18-ти август 1875-та година во
с.Кнежино.Истиот бил комита и активен учесник во славното Илинденско
востание од 1903-та година против турското ропство.

Селото Кнежино како чисто македонско и христијанско село и тогаш било составен
дел на кичевската нахија.Во старите турски пописни дефтери забележано е дека
дека истото во 1468 година броело 32 (триесет и две) фамилии,додека тој број во
1545 година нараснал на околу 60 (шеесет) фамилии.

Поради слабеењето на османлиската империја населението било осиромашено,а
во времето пред востанието се појавиле и многу разбојнички банди кои
дополнително го тероризирале и заплашувале месното население.Во сеќавање на
селаните и денес во колективната меморија на нивните наследници, останале
разбојничките банди предводени од Зулко од с.Зајас,Осман од с.Папрадишта и
други.

Незадоволството на народот и стремежот за отцепување од османлиското
царство довело до организирање на разни видови отпор,при што во 1903-та година
било дигнато Илинденското востание,кое довело до создавање на првата Република
на Балканот и иако траело релативно кратко,имало голем одек во регионални и
европски рамки.

Повик за востанието

Во Илинденското востание активен учесник е и комитата Милан Ќипроски од
с.Кнежино кој се борел и бил еден од најистакнатите борци во четатата на
војводата Ѓорѓи Сугарев.За време на востанието заедно со својата чета која
била предводена од војводата Ѓорѓи Сугарев учествувал во нападот,односно
во борбите за ослободување на Кичево.

Комитата Милан бил голем пријател со војводата Ѓорѓи Сугарев.Секогаш кога
Милан до крајот на неговиот живот ќе ја слушнел песната за Ѓорѓи Сугарев ,тој
плачел,а кога ќе го прашале зошто плачел тој емотивно одговарал дека се
потсетувал на разговорите со војводата, додека биле и чекале на пусија и
додека биле соборци во четата.Меѓу другото,во една прилика Милан го прашал
војводата:„Зошто го носиш коланот со фишеци толку ниско…“,а војводата
Сугарев му одговорил:„Не можам повисоко бидејќи имам стомачни болки.“

Милан Ќипроски е носител на илинденска споменица број 814 издадена на
ден 25-ти јули 1951 година.До крајот на својот живот во 1964 година живеел
скромно од својата илинденска пензија и касапскиот занает.Погребан е на
градските гробишта во Кичево.

Декрет за доделување на илинденска споменица,23.07.1951 година

Фамилија Ќипроски

-Раскажал:Спасе Ќипроски од с.Кнежино.
-Фотографии од семејната архива на фамилијата Ќипроски од с.Кнежин

pikashow apk download


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.