Поправено уличното осветлување

Деновиве во пресрет на празниците стручни екипи извршија поправка и тековно одржување на уличното осветлување во с.Кнежино. Притоа на целата територија на селото беа заменети 11 прегорени сијалици,3 расипани фасонки и 3 тегли,а на одредени места беа преврзани контактите. Благодарност за соработката до вработените во Секторот за енергетска ефикасност при Општина Кичево и до фирмата изведувач овластена за одржување на уличното осветлување “Електро Бурими”од с.Длапкин Дол.


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.