
На 22-ти мај 2026 – та година со почеток во 19:00 часот во Домот на културата “Кочо Рацин” во Кичево – мала сала, ќе се одржи промоција на првото авторско дело на младиот и талентиран кичевски поет Николче Миланоски.
Збирката песни насловена како ” Чувства на хартија ” се состои од 60 (шеесет) песни создадени во тек на неколку години.
Во нив се собрани лични чувства,искрености и моменти од секојдневието претворени во стихови.
Авторот преку овие песни го изразува и ни го доловува неговиот внатрешен свет и неговите лични доживувања на еден оригинален едноставен и искрен начин.
Рецензент и промотор на збирката е писателката Оливера Ширговска.
Настанот е составен дел на програмата Кичево – Град на културата,поддржан од Општина Кичево и Министерството за култура.
Една недела претходно на 15-ти мај, публиката ќе може да го види авторот Николче Миланоски и како еден од учесниците во Алманахот од 17 кичевски автори.


