Нова статија за историјата на Кнежино и Кнежинско – Зоран Јованоски

Сведоштва :

СЕЛОТО МИРКОС?!?

Сигурно се прашувате: “За што се работи?” Одговорот “лежи” во редовите што се пред Вас.
Листајќи ги старите записи вниманието ми го привлече селото Миркос, кое е забележано во Османлиските пописни дефтери.
Да бидам искрен. Од моите материјали не успеав да ја определам неговата локација. Единствено што можев да дознаам беше бројот на неговите жители во четирите реализирани пребројувања на населението.
Но, благодарение на Станко Китаноски чии што корени се од селото Кнежино, сепак успеав да ја разрешам и оваа “енигма”. Со негова помош дојдов до сознание дека ова малечко село се наоѓало источно од денешното село Кнежино, на локалитетот Маркулези.
Според моите податоци од 1468 година, било регистрирано само едно христијанско семејство и едно неженето лице, исто така христијанин. Инаку, овој податок упатува на тоа дека тогашното село Миркос, односно Миркус (во зависност од користениот извор – м. з.) едвај имало десетина жители. Нивниот број се “зголемува” по 13 години. Така, во 1481 година, со пописот, ќе бидат евидентирани 3 семејства, односно петнаесетина жители. Еден жител повеќе бил регистриран со пописот од 1545 година, кога повторно биле пребројани 3 христијански семејства и еден неженет христијанин. По 24 години, односно во 1569 година, царските луѓе во Миркос, односно Миркус, ќе пребројат 5 семејства и 4 неженети лица и вдовици, или триесетина жители.
Бидејќи, сега за сега, располагам со податоци кои се однесуваат на состојбите во Кичевската нахија во 15 и 16 век, не можам да го следам натамошното движење на населението и од ова село.
Она што успеав да дознам е тоа што дека Миркос, и останатите села кои се наоѓале во близина на манастириот “Свети Ѓорѓија”, за кои веќе имам пишувано, ја доживува истата судбина, односно во првата половина на 18 век, поточно во 1739 година, го снемува од лицето на земјата, заедно со манастирот и околните села.
“Другарувајќи” со старите документи дојдов до уште “откритие”. Бидејќи селото Миркос, односно Миркус се наоѓало на локалитетот Маркулези, во одредени пишувани документи од “понов датум”, се разбира во споредба со пописните дефтери, стои, “… село Маркулези” , а не село Миркос, односно Миркус. Со други зборови името на селото е заведено според името на локалитетот.
Токму затоа долго време на постоењето на селото Миркос, односно Миркус, не можев да му влезам во трага. Конечно и оваа “енигма” е решена, со што практично “нештата стануваат и појасни”

chikii mod apk

Agen878

Photoshop Crackeado

freefire pc

Ativador Office 2013 ativador office 2019 Video editing software for Windows 10

windows 11 iso crack

Corel Draw X7 Crackeado                                  reWASD Crackeado

kinemaster mod apk 2022


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.