Старт на изработката на новиот проект за подобрување на водоснабдувањето во Кнежино (Фото+Видео)

Со увид на лице место на месноста “Гаваз” на 2,5 km над село Кнежино денес стартуваше изработката на новиот проект за подобрување на водоснабдувањето кој е од витално значење за нашата заедница.
Проектот ќе опфати повеќе фази на реконструкција на постојниот водоснабдителен систем којшто е во незадоволителна состојба поради што се потребни итни инвестиции и зафати за тековно одржување,како и негова надградба.
Изготвувач и на овој проект за потребите на Месната заедница од с.Кнежино е нашиот сограѓанин и реномиран и искусен стручњак од областа на хидроинжинерството, Шасим Османи,дипл.градежен инжинер од Кичево,при што ја користиме оваа прилика уште еднаш јавно да му се заблагодариме за поддршката,професионалноста и успешната соработка на највисоко ниво.

Во прилог слики од месноста Гаваз

Во прилог и видео од местото Гаваз 2,5 км од с.Кнежино


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.