Физичката активност со голема влијателност на здравјето

Живееме во време со неверојатно многу можности и правењето на вистински избор за себе е најголемиот предизвик на секој поединец, за да може да биде до некаде задоволен од себе и од она зад себе, но и да гледа мотив и инспирација во денот кој доаѓа. Денес сакам да посветам внимание на големото значење на физичката активност за нашето здравје.

Посебно ме радува што последниве неколку години се повеќе и повеќе од моите сограѓани почнуваат со физички активности. Како предел кој изобилува со восхитувачки убавини за прошетки во природа е селото Кнежино кое е на само 5 км оддалечено од градот Кичево и со својот живописен предел нуди восхитувачка убавина.

Кога сме кај пешачењето сакам да истакнам дека бројни научни истражувања го докажуваат и потврдуваат корисното дејство од пешачењето.

Докажано е дека пешачењето го подобрува кардиоваскуларното здравје, го подобрува крвниот притисок и го контролира шеќерот во крвта, го зголемува метаболизмот, ја одржува тежината и ја одржува подвижноста.

Наместо да пешачите исклучиво на рамен терен, размислете за планинарење за да ја направите вашата прошетка попредизвикувачка, а пејсажот и свежиот воздух ќе и додаваат на вашата прошетка уште поголема убавина.

Пешачењето во природа е убаво во било кој дел од годината, а тоа ќе ви помогне да се опуштите и да се ослободите од цела негативност во секојдневието. Затоа ве повикувам да немате изговори и како и’ што го почнав овој текст ќе Ви порачам да го направите вистинскиот избор за себе. #ИзберетеСпортИзберетеЗдравЖивот. Почувствувајте ја промената на себе.

Претходна објава
Следна објава

© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.