[ФОТО] МИНИ Работна акција

Поправка на дефект на селскиот водовод
с.Кнежино,м.в.”Јаорче”,28.04.2020 година

Денеска дел од месниот одбор изведе успешна работна акција за отклонување на дефект на селската водоводна мрежа,поточно на водоводната линија од која со вода за пиење се снабдува Манастирот “Св.Георгиј Победоносец” од с.Кнежино.

Со санирањето на дефектот ќе се спречат загуби на вода во водоснабдителниот систем што е особено важно во претстојниот летен период.

Советот на Месната заедница с.Кнежино за денешното учество и неговиот придонес за успешноста на акцијата,изразува посебна благодарност до Лазе Јованоски од с.Кнежино.


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.