Благодарение на итната и професионалната интервенција на стручните екипи на ЈПКД “Комуналец” од Кичево,денес во утринските часови за рекордно време беше успешно отклонет посериозен дефект на селскиот водовод кај викенд населбата во Кнежино.
Притоа успешно беше премостено пукнато водоводно црево од 1 (еден) цол кое произведе сериозни загуби на вода.
Уште еднаш упатуваме апел до сите корисници на водата од селскиот водовод за одговорно и рационално користење на овој ресурс во летниот период.



















MЗ Кнежино упатува благодарност до директорот на ЈПКД “Комуналец” Кичево Бојан Стојкоски и до стручните тимови на претпријатието за извонредната соработка и професионалниот пристап.


