По повод државниот празник “11-ти октомври” Ви предлагаме да ја погледнете оваа пригодна документарна емисија на РТВ Скопје снимена во 1986 година, по сценарио на Мишо Нетков и во режија на Сашо Панов.
Во неа ќе чуете многу интересни детали поврзани со антифашистичката борба во нашиот крај (Копачијата со селата Кленоец,Извор,Попоец и други), за Кичевско-Мавровскиот партизански одред, за народниот херој Мирко Милески-Урош и други истакнати наши борци.