Денес екипи на ЈПКД “Комуналец” од Кичево почнаа акција за чистење од вегетација на локалниот пат кој води до СРЦ”Крушино”. Со тоа ќе се создадат услови за побезбедно одвивање на сообраќајот,како и ќе се создадат подобри услови за движење на бројните пешаци ,спортисти и рекреативци кои секојдневно го посетуваат овој локалитет.