По барање на Советот на Месната заедница с.Кнежино деновиве екипа на „ЕВН МАКЕДОНИЈА“ АД Скопје,КЕЦ Кичево,на повеќе локации во селото извршија чистење и кастрење на дрвјата и гранките кои допираа и се испреплетуваа со воздушните електрични водови, а со што претставуваа опасност по електроснабдувањето и околината.
Со ваквата акција ќе се обезбеди поголема стабилност и сигурност во снабдувањето со електрична енергија на нашето конзумно подрачје.
Советот на МЗ с.Кнежино изразува благодарност за добрата соработка и професионализмот до екипите на „ЕВН Македонија“АД Скопје,КЕЦ Кичево.