По повод денот на пролетта вработените во ЈП”Македонски шуми”Подружница ШС”Лопушник”Кичево изведоа акција за пошумување и на две локации во атарот на с.Кнежино.Притоа на локациите на м.в.”Блато” и во близина на манастирот “Св.Ѓорѓија” беа засадени преку 500 -тини млади садници од црн и бел бор и чемпрес.
Советот на МЗ с.Кнежино ја користи оваа прилика да упати благодарност до менаџментот и вработените во ШС„Лопушник“ од Кичево за успешно спроведеното пошумување при што очекуваме уште вакви акции и во иднина.