Почитувани граѓани,
Ве известуваме дека во понеделник 25.08.2025 година Градежното друштво “Гранит” АД Скопје, кое работи на изведување на работите на Автопатот А2 Кичево-Охрид, ќе врши асфалтирање на девијацијата Крушино вклучувајки го и надпатникот на km 0+780.
Затоа Ве замолуваме за разбирање и трпение во периодот од 8:30 до 10:00 часот при стартот на работите и во периодот од 13:00 до 14:30 часот при завршување на работите.
Апелираме до граѓаните и локалното население во наведениот временски период, доколку навистина немаат потреба,да не сообраќаат по локалниот пат за с.Кнежино со цел избегнување на поголеми гужви и застои во сообраќајот,како и заради непречено одвивање на градежните работи за асфалтирање на делницата.
Ви благодариме на разбирањето.
ГД “Гранит”АД Скопје






