Поради многу ниските температури попладнево на селската чешма во село Кнежино се појави дефект од поголем карактер.
Поточно, се случи прскање на металната водоводна цевка со профил од 1/4 цол и дојде до значителен истек и загуба на вода.
Со брза интервенција дефектот е привремено саниран без прекин во нормалното водоснабдување,додека кон трајно решавање на истиот ќе се пристапи кога ќе дозволат временските прилики.