Донација од фамилијата Трпковиќ од Белград за црквата “Св.Димитрија” во с.Кнежино

Фамилијата Трпковиќ е по потекло од село Раштани и се сопственици на најпознатиот ланец пекари во Белград кои работат под брендот “Пекара Трпковиќ“.Првата пекара “Трпковиќ” започнала со работа во далечната 1905 година и семејната традиција опстојува се до ден денес.

Деновиве членови на семејството Трпковиќ од Белград го посетија с.Кнежино и подарија вредна донација за селската црква “Свети Великомаченик Димитрија” изградена во 1911 година.

Фамилијата Трпковиќ кои долги години и неколку генерации живеат и успешно работат во Белград е по потекло од с.Раштани и истите доста често престојуваат во ова село,но по женска линија истите имаат потекло и од с.Кнежино,а поради што по нивна сопствена желба и иницијатива се реализира оваа посета,односно донација.

Фамилијата Трпковиќ се познати филантропи, донатори,мецени и помагатели, не само во Белград и Република Србија,туку и во родното село Раштани и низ Кичево и кичевско.

Советот на МЗ с.Кнежино од свое и од името на мештаните од Кнежино ,на фамилијата Трпковиќ за горенаведениот чин,им изразува голема и јавна благодарност и им посакува уште поголеми успеси на сите полиња.

facebook: https://www.facebook.com/pekaratrpkovic
instagram: https://www.instagram.com/pekara_trpkovic


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.