Камен темелник на новата црква “Св.Јован Крстител” во Кнежино Недела 14-ти јуни, лето Господово 2026-то, 11:00 часот

Во недела на 14-ти јуни,со почеток во 11:00 часот во близина на викенд населбата во Кнежино со пригоден црковно-народен собир ќе биде поставен камен-темелник на новиот православен духовен храм во нашето село. По тој повод се покануваат сите месни жители на Кнежино, Кичевчани, православни христијани и сите добронамерници да присуствуваат и да земат учество на овој свечен чин на поставување камен-темелник за новата црква во близина на викенд населбата во Кнежино со почеток во 11:00 часот.

За многу години !!!


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.