Оваа недела, Кичево ќе биде центар на спортот и енергијата!
На главните улици на градот ќе се одржи атлетска трка, на која љубителите на спортот и здравиот живот ќе имаат можност да ја почувствуваат магијата на трчањето.
На настанот ќе учествуваат рекреативци, искусни атлетичари и љубители на спортот од сите возрасти.
Целта е не само натпревар, туку и дружење, промоција на спортскиот дух и поттик за здрав животен стил.
👟 Почеток: недела, 08:30 ч
📍 Локација: центарот на Кичево
✨ Настанот е отворен за сите – и за натпреварувачи и за публика која ќе ги бодри тркачите.
Доаѓајте да ја почувствуваме заедно енергијата на улиците на Кичево, да трчаме, да бодриме и да ја славиме силата на спортот!
Патеката на трката во Кичево KRun
- 7 септември – 08:30 ч. –
- Градски плоштад
- Бул. „Ослободување“ до раскрсница на ул. „11-ти Септември“
- Ул. „11-ти Септември“ до ул. „Веле Змејковски“
- Ул. „Маршал Тито“ до Берза.
- Ул. „Амит Челопечанец“
- Ул. „29 Ноември“
- Ул. „Борис Кидрич“ до раскрсница со ул. „Рудничка“
- Ул. „Рудничка“ до Бул. „Ослободување“
- Ул. „Тане Цалески“ до ул. „Маршал Тито“
- Ул. „Маршал Тито“ до градски плоштад.
Од 08:00 до 11:00 часот ќе бидат затворени
Подготвил:Николче Миланоски

