Костенијада или ракијада-вечна дилема [ФОТО + ВИДЕО]

Кога се Кнежинчани “Костенијада или ракијада”, е прашањето кое се наметнува. Можеби по некој од “злите” јазици ќе рече “Не ве бива ниту за едното,ниту за другото”. Но нашата колективна меморија и впечатоците на пошироката јавност говорат и во прилог на едното и во прилог на другото.
Да заштитен знак на нашето село е и костенот,кој го втиснавме и на нашиот селски грб. Но,многумина кој пробале,но и тие што не пробале,а чуле,знаат дека во Кнежино со генерации наназад,а и сега,се прави и се пече најубавата и најјаката сливова ракија во овој поширок крај.
Печењето на ракијата е дел од нераскинливата традиција на секоја кнежинска куќа. Во Кнежино е срамота да се послужи ракија за гостите ако градусот ја измери под 60 степени. Можеби насловот ќе беше поприкладно да гласи:””Костеновача” или “Сливовица”-вечна дилема.


с.Кнежино,23.10.2022 година

Процес на производство на кнежинска ракија

“Čiča peče rakiju на кнежински начин”

Во улогата на “Čiča peče rakiju” и голема благодарност до Трајче Китановски од с.Кнежино

Градусот покажува 66 степени


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.