Во недела на ден 27.10.2024 со почеток од 09:00ч ќе се реализира втората атлетска трка на 5 и 10 километри „kRun“.
Стартна точка ќе биде од градскиот плоштад, така што за реализација на оваа трка делови од главни улици и делници ќе бидат со посебен сообраќаен режим, односно ќе бидат со забранет комерцијален сообраќај додека истиот се одржува.
Во прилог улици кои ќе бидат со времена забрана за сообраќај од
08:10 ч до 12:00 ч сè:
- Градски плоштад
- Бул. „Ослободување“ до раскрсница на ул. „11-ти Септември“
- Ул. „11-ти Септември“ до ул. „Веле Змејковски“
Ул. ,,Гоце Делчев” до паркинг пред Киппер маркет - Ул. „Маршал Тито“ до Берза.
- Ул. „Амит Челопечанец“
- Ул. „29 Ноември“
- Ул. „Борис Кидрич“ до раскрсница со ул. „Рудничка“
- Ул. „Рудничка“ до Бул. „Ослободување“
- Ул. „Тане Цалески“ до ул. „Маршал Тито“
- Ул. „Маршал Тито“ до градски плоштад.
Им посакуваме среќа на сите учесници кои ќе учествуваат на оваа трка.