Во не така малубројната флота на кнежински теренски возила посебно место зазема еден раритетен олдтајмер грижливо чуван и одржуван од неговиот сопственик Дејан Стефаноски.
Се работи за надалеку познатиот советски теренец GAZ 69,претходник на моделот UAZ 469.
Тестниот примерок кој денес го возевме на релација Кичево-Гаваз многу лесно ја совлада разликата во надморската висина од повеќе од 600 метри.
Технички спецификации на возилото:
Тестниот модел е произведен во 1969 година и истиот е модификуван со мотор и менувач од Мерцедес 2400 d, a останатото во голем дел е зачувана фабричка состојба.
Се на се уживање беше да се совладуваат беспаќата со оваа “тешка класика” која во СССР била популарно наречена “Козлик”.