Поставени дополнителни еластични заштитни огради на локалниот пат кон Кнежино [ФОТО+ВИДЕО]

Изминатите денови активно и интензивно се работеше на поставување на еластични заштитни огради на надпатникот кај месноста “Крушино” и пуштање во сообраќај на оваа нова делница од локалниот пат.

Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот на иницијатива на МЗ Кнежино на критичните места од Крушино до Кнежино се поставија дополнителни eластични заштитни огради на повеќе локации.

МЗ Кнежино изразува јавна и голема благодарност до помагателите,спонзорите, изведувачите и учесниците во овој проект за нивната несебична помош,залагање, ефикасност и врвна професионалност,и тоа:

Градежен институт МАКЕДОНИЈА Скопје;
SINOHYDRO corporation limited Beijing,Podruzhnica Skopje;
UNIPROMET DOO Čačak;
LIMI Company Tetovo;
ЈП Македонија пат Скопје, Подружница Кичево и
Хотел Куќа на уметноста (House of art) Кнежино.


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.