Повик за помасовно учество во работните акции

На вчерашната работна акција во кругот на црквата “Св.Димитрија” во с.Кнежино,како и на претходно одржаните други работни акции низ селото,забележлив беше слабиот одзив ,како и неприсуството и незаинтересираноста на поголем дел од селаните.

Од друга страна во наредниов период се налага потреба од помасовно работно учество и ангажирање на селаните и мештаните во вршењето на работите од јавен и заеднички интерес ,при што треба да следуваат и поголем број на работни акции и активности.

Предвид горенаведеното денес се одржа и координација помеѓу Советот на МЗ с.Кнежино и Црковниот одбор од с.Кнежино,при што се одлучи дека во наредниот период според потребите и планот за работа, на работни акции ќе биде повикувано работоспособното население од с.Кнежино.

Притоа приоритетно ќе бидат повикувани оние лица кои подолго време во изминатиов период воопшто не учествувале во досегашните работни акции и активности.

За секое неоправдано отсуство или одбивање на учество во работните акции ,од сега па натаму,ќе бидат наплатувани по 1.000,00 денари.


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.