Санирана оштетената притисочна водоводна цевка [ФОТО]

Во текот на претходната недела беше отстранет дефектот на главната (F 63) притисочна водоводна цевка од стариот резервоар за вода кој во текот на минатата година беше реконструиран.

Оштетениот поради забот на времето дел од металната цевка поради кој се јавуваше големо истекување на вода во сувата комора од резервоарот, со соодветни спојки беше заменет со соодветно водоводно црево отпорно на висок притисок,т.е. беше извршено премостување.

По овај зафат следува последната фаза од ставањето во функција на дополнителниот резервоар за вода.


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.