Апел до учесниците во сообраќајот,а особено до возачите на моторните возила,за внимателно возење и прилагодување на брзината на движење на локалниот пат до Крушино и с.Кнежино.
Во време на летна сезона како сега овој пат е доста фреквентен и истиот го користат бројни пешаци,велосипедисти, рекреативци и моторни возила од нашиот град и пошироко.
Но,од друга страна патот странично е обраснат со трева и дива вегетација кои го стеснуваат коловозот,ја намалуваат видливоста ,така да на одредени места е отежнато разминувањето на возилата.
Поради тоа од Советот на МЗ с.Кнежино веќе е реагирано до надлежните фактори во градот заради спроведување на систематска акција заради чистење на патот од дивата вегетација,а се со цел побезбедно одвивање на сообраќајот за сите учесници.