Старт на проектот за подобрување на водоснабдувањето во Кнежино [ФОТО]

Деновиве се отпочна со преземање на конкретни активности на терен според проектот за подобрувањето на снабдувањето во с.Кнежино.

Првично до резервоарот над селото се истовари градежниот материјал кој ќе биде потребен за изведување на планираните зафати кај каптажата “Гаваз”.

Сега следува потешкиот дел од задачата и транспортот на овој материјал до местото каде што ќе се изведуваат работите.

Доставениот градежен материјал потребен за градежните работи до резервоарот над селото. Сега ќе следува негов транспорт до м.в.”ГАВАЗ”.

Истовремено според проценките и насоките на изготвувачот на проектот д.г.и.Шасим Османи,хидроинженер од Кичево и стручните лица од ЈП “Комуналец” од Кичево,во шахтата на м.в.”Блато” како најпогодно место,се постави и специјален регулатор на притисок Fi 63.

Со овој регулатор ќе се спречи пукањето на водоводните црева кое се јавува поради притисокот кој го создава големата висинска разлика,а која појава е особено честа во викенд населбата.

Монтажа на регулатор на притисок Fi 63 на шахта на м.в.”Блато” и нејзино обезбедување со капак.

Активностите на терен во наредниот период ќе продолжат во зависност од временските услови.


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.