Забрана за движење во околината на гарнизонското стрелиште на АРМ во с.Осој во среда 13.05.2026 година во периодот од 07:00 часот до 17:00 часот.
Во периодот од 08:00 часот до 16:00 часот ќе се изведува боево гаѓање на припадниците на активниот состав на полицијата од ОВР Кичево.
Заради безбедно изведување на боевото гаѓање се известува и предупредува месното население да наведениот ден во цитираниот временски период, не се упатува во близина и во околината на стрелиштето,со цел напасувале на стока и изведување на било какви други работи и активности.
Извор : МВР-БЈБ-СВР Охрид-ОВР Кичево-ПС од ОН Кичево



