Асфалтирање на девијација и надпатник “Крушино” [ФОТО]

Екипи и механизација на изведувачот ГД”Гранит”АД Скопје работат и доцна попладнево на завршните работи за асфалтирање на девијацијата и надпатникот и нивно поврзување со постоечкиот асфалтен пат.

По асфалтирањето следува завршната фаза каде треба да се завршат другите придружни работи како опесочување и тампонирање на деловите покрај асфалтниот пат, поставување на заштитна ограда на надпатникот,како и на соодветна сообраќајна сигнализација и друго.


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.