Делумна забрана за движење во шумите од 02.07.2021 година

Јавното претпријатие „Национални шуми“, поради зголемена опасност од појава на шумски пожари на отворен простор како резултат на зголемените температури, воведува делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува, на целата територија на државата, по претходно добиена согласност од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Делумната забрана за движење во шума, посочуваат од претпријатието, почнува да важи од утре, 2 јули, во временски период од 6 до 20 часот и истата ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до нејзино отповикување.

Оваа делумна забрана не важи за вработените во ЈП „Национални шуми“ и субјектите кои вршат шумско културни активности на површините со кои стопанисува јавното претпријатие, како и за лица кои имаат писмено одобрение за движење во шумите. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмена дозвола издадена од подружниците на ЈП за подрачјето со кое стопанисуваат. За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена глоба, појаснуваат од претпријатието.

*извор: ЈП Национални Шуми

Претходна објаваКуќа на Уметноста – ПРОМО ВИДЕО
Следна објаваШТЕДЕТЕ ВОДА!!!

© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.