За жал овие слики не се реприза,туку се снимени денеска. Депонијата на н.в.”Брдо” од ден на ден расте. За нејзиниот незапирлив раст и развој ,за жал заслужни се само Кнежинчани, бидејќи поради локацијата присуството на надворешен фактор е исклучено. Посебна “благодарница” за исклучителни заслуги до некој од тие 4-5 ловџии од Кнежино,кој на местото на депонијата фрлил и кожа од дива свиња,што е строго забрането заради спречување на заразни болести. Освестете се,последен момент е пред се да појде во неповрат…