(Не)познато за Кнежино. Како настанал називот “Почивалка”

Деновиве за моментално најактуелната локација во с.Кнежино се појавија различни толкувања околу називот на ова место на влезот во селото.
Но сепак вистината е само една.
Според кажувањата на постарите наши соселани овој локалитет го добил називот бидејќи во времето кога немало водовод во селото,жените кои оделе да полнат вода од манастирските чешми,токму на ова место пред влезот во селото редовно застанувале да одморат,но и да си поприкажат.


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.