Еколошка (не)култура и примитивизам

Акцијата за чистење на патот Кичево-Крушино-Кнежино и на крајпатниот појас на површина уште еднаш ги извади нашите грди навики.

Тажна и жална деновиве е глетката од двете страни на патот особено во делот до Крушино каде сега на секој чекор е видлив расфрлениот пластичен отпад и најразновидна амбалажа, на некои места гарниран со дополнителни купишта градежен шут и друг цврст отпад.

Народ со ваква култура и навики не треба воопшто да се грижи за својата иднина,бидејќи и ја нема.


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.