На барање на Месната заедница с.Кнежино деновиве почна акцијата за чистење од дива вегетација на локалниот пат Кичево-Кнежино,се со цел поголема прегледност и побезбедно разминување и одвивање на сообраќајот на оваа фреквентна патна делница.
За таа цел екипа на ЈПКД “Комуналец” со работна машина изврши површинско чистење и гребење на асфалтниот коловоз,како и на останатиот дел од патот до асфалтираниот дел.
Очекуваме во наредниов период по престанокот на вонредната состојба поради пожарите,својот дел да го сработи и ЈП”Македонски шуми”Подружница ШС “Лопушник” од Кичево од каде имаме ветување дека ќе биде испратена екипа на секачи која ќе ја исече и очисти израснатата дива вегетација покрај патот.
Советот на МЗ с.Кнежино на овие два наши субјекти и на нивниот менаџмент и во оваа прилика им ја изразува својата благодарност и длабоко почитување поради одличната соработка и општествената одговорност која ја покажуваат.