Изгаснат пожарот во атарот на с.Кнежино [ФОТО + ВИДЕО]

Денес околу 16.30 часот во атарот на с.Кнежино зад викенд населбата избувна пожар на непристапен терен на ниско и високостеблестата шума и вегетација. Пожарот навремено беше забележан од страна на шумочуварската служба при ЈП “Македонски шуми “Подружница ШС “Лопушник” од Кичево кои и први пристигнаа на лице местото и го гаснеа пожарот со голи раце.

На лице место веднаш се упати екипа од Територијалната противпожарна единица од Кичево со едно противпожарно возило и тројца пожарникари. Спрема првичните податоци од увидот на лице место извршен од увидна екипа на МВР-ОВР-ПС од ОН Кичево причина за избувнувањето на пожарот е човечки фактор и покрај забраната за движење во шумите која е на сила.

Само правовремената и навремената реакција на шумочуварската служба и противпожарната бригада,на која подоцна и се приклучија и дополнителна екипа од ШС”Лопушник”од Кичево,како и дел од месното население,по тричасовната интервенција спречија проширување на пожарот и поголема катастрофа.

Најзаслужните за правовременото откривање и локализирање на пожарот-Екипата шумочувари на ШС “Лопушник” и директорот по успешно завршената акција

Советот на МЗ с.Кнежино за денешната акција за успешно локализирање и гаснење на пожарот ,како и пожртвуваноста, професионализмот и добрата координација упатува голема и јавна благодарност до:

-Шумочуварската служба и директорот на ШС”Лопушник”Кичево ; -Противпожарната бригада при ТППЕ Кичево; -МВР-ОВР Кичево
-ПС од ОН Кичево;
-Центар за управување со кризи Кичево и
-Дел од месното население.

Да ги чуваме шумите и природата!!!


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.