И покрај напорите за подигнување на свеста за зачувување и заштита на животната средина,нови диви депонии секојдневно ни никнуваат како печурки. Најновиот “успех” е евидентиран деновиве во најстрогиот центар и најгусто населениот дел на селото, кај месноста “Долец”. Рок од 7 дена за виновниците да го подигнат расфрлениот најразличен отпад,пред истите да бидат јавно објавени.