Не е 5 до 12, туку 12 и 30 за институциите да реагираат..
Се поочигледно е дека напорите на шумочуварската служба при ЈП ,, Македонски шуми” Подружница ШС “Лопушник” од Кичево за спречување на дивата сеча се недоволни и дека веднаш е потребна поширока континуирана општествена акција во тој правец со поголемо учество и на Шумската полиција и на МВР.
Ова се последните тажни слики од месноста “Дрмници” во атарот на с.Кнежино од каде се гледа дека дрвокрадците повторно безмилосно ги уништуваат дури и најубавите костенови стебла.
Последен апел до институциите да преземат мерки за спречување на ваквата бесправна сеча и санкционирање на дрвокрадците бидејќи и револтот кај месното население е се поголем и можни се несакани последици.