Деновиве конечно беше поправен големиот повеќекратен дефект на селскиот водовод кај викенд населбата на цревото со пречник F 63. Бидејќи ова водоводно црево е со дотраен и со слаб квалитет, како еден од приоритетите за во иднина се наметнува негова целосна замена.
Повторно апелираме до корисниците на водата во овој период истата да ја користат штедливо и рационално и да се придржуваат до препораките на Советот на МЗ с.Кнежино , особено за време на викендите кога е забрането вадење и полевање.