
Дарио Ивановски, најдобриот атлетичар во историјата на Македонија и олимпиец од ЛОИ 2024 Париз ќе трча на второто издание на KRUN во Кичево.
Тој е трикратен балкански шампион, 10 пати балкански медалист, актуелен рекордер на Македонија во 9 дисциплини, учесник на неколку светски и европски првенства, победник на многу меѓународни трки и атлетичар со највреден резултат во историјата на Македонија – 1186 бодови по таблицата на WORLD ATHLETICS (Севиља маратон 2024, 02 часа 08 минути и 26 секунди).
Со фантастичниот резултат остварен на маратонот во Севиља оваа година на 18ти февруари, Дарио успеа да се пласира на летната олимпијада во Париз како прв спортист од Македонија.
Учество ќе земат најдобрите македонски атлетичари: Дарио Иваноски,Адријана Поп Арсова,Миљана Ристиќ, Григоријан Никовски,Игор Јакимовски,Александар Кираџиев Билјана Кираџиева, како и поранешниот македонски рекордер Трпе Мартиновски.
Учесници освен од Кичево ќе има од: Скопје, Охрид, Битола, Прилеп, Струга, Крушево, Гевгелија, Кавадарци, Србија Албанија и Косово.
Распоред на трки:
27 октомври (Недела)
-9:00 часот- Старт на трка 10 km;
-9:05 часот -Старт на трка на 5 km;
-11:00 h -Старт на детска трка 1;
-11:30 h-Старт на детска трка 2.
На 5 km пријавени се 223, на 10 km пријавени 93 и за детската трка според возрасните категории пријавени се вкупно 231 учесници.
Подготвил: Никола Миланоски