По четврти пат за неколку години деновиве е санирана дивата селска депонија на влезот пред селото,која претставуваше грда глетка ,како за мештаните,така и за сите минувачи по локалниот пат.
Месната заедница с.Кнежино е во потрага за изнаоѓање трајно и одржливо решение за одлагање на комуналниот отпад .
Во комбинација се неколку опции, меѓу кои изнаоѓање на друга посоодветна локација за таа намена или пак поставување на контејнери и редовно подигање на селскиот отпад од страна на ЈПКД”Комуналец”Кичево ,со обврска за плаќање на месечен надоместок од по 300 денари од домаќинство,а за што ќе треба да се изјаснат самите селани.
Во меѓувреме се планира култивирање и уредување на санираната локација со повеќе различни содржини.
До тогаш е строго забрането фрлање и оставање на отпад на исчистената локација.
Несовесните прекршители ќе бидат јавно објавени со дополнителна пријава до општинскиот комунален инспектор.