Програма за работа

Програма за работа

По консултации со локалното население и разгледувајќи ги бројните предлози,според начелото на приоритет Советот на М.З.с.Кнежино,ја предлага следната програма за работа во наредниот неколкугодишен период и тоа:

-Изградба на православен крст од поголеми размери по примерот на селата во нашата околина и регион,со придружни содржини, при што околу неговата местоположба засега во оптек се две локации и тоа околината на кнежинскиот манастир и м.в.”На камен” над с.Кнежино;

-Изградба на влезна порта(капија) на локалниот пат на почетокот на кнежинскиот атар со соодветни ознаки за селото и манастирот “Св.Ѓорѓија” и слично;

-Целосна реконструкција на спомен чешмата во селото и партерно уредување на нејзината околина со нови водоводни,одводни и инсталации за јавно осветлување и друга придружна опрема;

-Санирање и затворање на дивата селска депонија на влезот од селото и оплеменување на просторот со трева,насади,изградба на детски и спортски игралишта и други пратечки содржини и

-Изградба на видиковец-летниковец над главниот селски резервоар за вода на м.в.”На камен” со два јарболи,повеќе клупи,маси и останати содржини.
Дополнително оваа локација е погодна и за поставување православен крст од поголеми размери.

Дел од оваа програма кој деновиве беше реализиран е и уредувањето на пристапните патишта до манастирот “Св.Ѓорѓија”,викенд населбата и селото,со поставување на повеќе државни,црковни и знамиња на нашата локална заедница.

Програмата е отворена и за други Ваши барања и конструктивни предлози.

Бидејќи за сите овие проекти се потребни големи финансиски средства во наредниот период ќе се пристапи кон собирање на финансиски средства од мештаните и локалното население,како и обезбедување на спонзорства и друга помош од фирми и поединци, локално и пошироко.

Собирањето на финансиските средства ќе се врши во рамките на секој од петте крста И ЌЕ БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО за секој Кнежинчанец.
За износите кои ќе треба да се издвојат ќе биде дополнително одлучено кога ќе се знае финансиската конструкција на проектите.
Жителите кои од неоправдани причини, нема да учествуваат во задолжителното собирање на финансиски средства ќе бидат јавно објавени пред локалната заедница и јавноста.

Со почит,

Совет на М.З.с.Кнежино


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.