По повод претстојниот голем верски празник “Ѓурѓовден” денес се спроведе уредување на пристапните патишта до манастирот “Св.Георгиј Победоносец” во с.Кнежино кој со достоинство и пиетет го носи името на овој наш светец,како и викенд населбата и селото.
За таа цел,а поради што подостоинствено одбележување на празникот, на пристапните патишта беа поставени поголем број на државни,црковни,како и знамиња на локалната заедница од с.Кнежино.