Градежната офанзива во с.Кнежино продолжува.

Деновиве започна проектот за санирање и тампонирање на селскиот пат кој води од Куќата на уметноста до долниот дел на селото и истиот претставува значајна комуникациска врска зa мештаните и пошироко.
Овој пат подолго време беше во лоша и незавидна состојба поради што Советот на МЗ с.Кнежино направи напори преку овој проект истиот да се доведе во употреблива состојба,се до конечното решавање кое би следело понатаму.